„Комити“ повикаа на бојкот и порачаа: Одлуката на Вардар е дрска, несериозна и непрофесионална

by
2 минути читање

Шампионот на
Македонија оваа недела имаше непопуларен потег откако за дуелот со Фенербахче
во Лига Европа одлучи цела Јужна трибина да им ја доделе на гостинските
навивач, а одреди и енорнмо скапи билети за наши услови.

Ваквата одлука
сега ја прокоментираа најверните навивачи на Вардар, популарните „Кимити“
испратија соопштение во кое повикаа на бојкот на натпреварот.

Тие исто така
најавија и протест пред Јужна Трибина на еден час пред почетокот на средбата.

Нивното
соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Одлуката на
управата на ФК Вардар да ја даде јужната трибина на гостинските навивачи е
крајно дрско, несериозно и непрофесионално. Ваквиот однос на управата према
сите Скопјани, Вардарци , Комити не смее да биде премолчен затоа ВЕ ПОВИКУВАМЕ
СИТЕ засегнати, СИТЕ ВАРДАРЦИ И КОМИТИ, да не купувате билети за натпреварот и
да ни се придружите пред јужната трибина на 17.08.2017год. во 19:00 часот за да
го изразиме нашиот револт, револтот на сите Скопјани, на сите генерации
поминати, на сите оние кои животот го поминаа на југ . Западот ве повикува сите
Македонци 17.08.2017, 19:00
сите пред јужна !

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА !!

ЈУЖНА Е ВАРДАР !!

ЈУЖНА СМЕ СИТЕ
НИЕ !!!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани