„Комити“ купија дрес на аукција и ги донираа парите, Вардар слави во хуманитарниот меч со Осогово

by 24 фудбал
1 минути читање

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани денеска се одигра ревијален натпревар меѓу Осогово и Вардар.

Во хуманитарна акција беше организирана аукција на дресот на Стојанче Велинов, фудбалер кој се врати во Осогово, а парчето опрема беше од неговиот период во Академија Пандев кога се радуваше на трофеј во националниот Куп.

Највисоката понуда пристигна од навивачката група Комити која издвои 23.000 денари и го обезбеди дресот, а средствата ќе бидат наменети за изградба на спомен обележје за жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ што ја потресе јавноста минатата година. Гестот беше поздравен со силен аплауз од исполнетата трибина, па хуманата мисија доби вистинска поддршка од сите присутни во Кочани.

Што се однесува до самиот натпревар, Вардар го доби со победа од 1-4. Стрелци за прволигашкиот лидер беа Горан Закариќ, Димитар Тодоровски и двапати погоди Филип Дурански. Погодокот на осогово беше автогол на Азер Омерагиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×