888
На 16-ти април во Скопје ќе се сретнат екипите на Вардар и Црвена Звезда, натпревар кој ќе биде од хуманитарен карактер, а сите средства од билетите ќе бидат донирани за настраданите во пожарот во Кочани.
За овој натпревар навивачите на Вардар „Комити“ подготвуваат специјална кореографија и за таа цел ги повикуваат сите на стадионот да дојдат во иста маичка.
Маичките ќе се продаваат во вторник oд 18 до 20 часот на Фонтаната во „Градски парк“ по цена од 500 денари. Како и средствата од билетите, „Комити“ за настраданите ќе ги донираат и средствата од продажбата на маичките.