824
Откако ФК Пелистер објави соопштение во кое објави фотографии од трибината на која беа навивачката група „Комити“, а се гледа дека голем дел од столчињата се ишкртани или излепени со стикери, следуваше реакција.
Скопската навивачка група сега направи реакција, па пред вратата на реновираната стара трибина на битолскиот стадион остави средство за чистење (сјај) и сунѓер, за столчињата на кои беше цртано. Покрај тоа напишаа и порака на социјалните мрежи: „Чкембари, спремни? И побрзајте ќе ве стемни!“.
Инаку, Пелистер поради таквото однесување од страна на „Комити“, како и оштетувањата на дел од столчињата најави забрана за присуство на навивачката група во блиска иднина.