„Комити“ Драчево победници на третиот Меморијален турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски – Мешко“

by
1 минути читање

Екипата на „Комити“ Драчево победи на турнирот кој традиционало се одржува во чест на големиот вљубеник во спортот, навивач на Вардар и медиумски работни, Сашо Оцевски – Мешко.

Во финалето „Комити“ Драчево ја победија екипата на ССК 83/84 со резултат 3:2 по изведувањето на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 2:2.

Сашо Оцевски – Мешко трета година по ред ги собира на истото место ги собира луѓето со кои другаруваше и работеше во текот на неговиот живот. 

Турнирот е во организација на неговото семејство, а истиот е помогнат од пријателите на Мешко и ТВ Сонце.

Резултати:

Полуфинале:

Коперникова – Комити Драчево 2:4

ССК 83/84 – ТВ Сонце 7:1

Меч за трето место:

Коперникова – ТВ Сонце 6:0

Финале:

ССК 83/84 – Комити Драчево 2:2 пен: 2:3

Можно е и ова да ти се допаѓа

×