Комисијата за натпреварување побара мечот меѓу Башкими и Вардар да биде од висок ризик!

by 24 фудбал
0 минути читање

Дуелот меѓу Башкими и Вардар ќе го затвори осмото коло во Првата македонска лига, а натпреварот кој ќе се одигра во Куманово доби ознака за зголемен ризик.

Фудбалската федерација на Македонија врз основа на барање од комисијата за натпреварување испрати допис до клубовите и надлежните органи со кој побара да се преземат дополнителни мерки за безбедност.

Натпреварот во Куманово ќе се одигра в понеделник со почеток од 15:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×