Комесарот Кантона го прокоментира историскиот кам-бек на Барселона (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Барселона успеа
да го продолжи настапот во најелитното европско натпреварување откако на
реваншот на Камп Ноу со 6-1 славеше над ПСЖ и стана првиот тим кој се вратил од
4-0 негатива по првиот натпревар.

Па големата
„ремонтада“ на Барса се најде во новата епизода на Еуроспорт со Комесарот Ерик
Кантона, која започнува во стилот на последното издание на Оскарите, кога беше
направена грешка при проглсувањето на најдобриот филм во годината.

„И победникот е:
Пари Сен Жермен!

вели комесарот Кантона, кој потоа добива нов коверт.

„Ах, се извинвам
момци, тоа е Барселона!
.

„За некој тоа
беше „чудо на тревата“, за други беше „грабеж на векот“. Како и да е, случувањата
на теренот беа епски
.

„На теренот имаше
само 12 играчи кои веруваа дека постои можност Барселона да се квалификува во
следната рунда: Нејмар… и 11те играчи на ПСЖ
.

„Суарез повеќе не
гриза, сега тој е глумец. Не многу добар, но малку драматичен. Такво бесрамно
мамење со рацете на врат, и израз на агонија, тоа е ср*ње!

„Ова е фудбалско
порно, на децата не треба да им се дозволи да го гледаат
.

Легендата на
Манчестер јунајтед исто така ги „пецна“ и Џон Стоунс, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани