Коментарот на Недвед околу ситуацијата со Шик крена голема прашина во Италија

by
2 минути читање

Потпретседателот
и легенда на тимот од Торино, Павел Недвед на новинарско прашање околу
ситуацијата со Патрик Шик, инаку негов сонародник, даде еден одговор кој крена
многу прашина во Италија.

Се е можно…
истакна Недвед, додека пак медиумите во Италија на големо почнаа да пишуваат за
тоа дека Јувентус не се откажал од намерите да го доведе во своите редови еден
од најталентираните напаѓачи во Калчолигата, 21 годишниот фудбалер на
Сампдорија, Патрик Шик.

Сега останува
прашањето дали Јувентус би можел да преговара за помала сума од онаа
предвидената (30 милиони евра), со оглед на проблемите кои беа воочени кај
Чехот за време на медицинските прегледи.

Првиот човек на Сампдорија по пропаѓањето на трансферот на Шик во Јувентус, за тамошните медиуми издвои дека Чехот ќе биде продаден на еден од четирите клубови кои биле подготвени да го купат, тој најави дека неговата откупна клаузула повеќе не важи, па наместо
30 милиони евра, клубот за својот напаѓач ќе бара 40-50 милиони евра.

Како за потсетување, Шик дури и го
напушти тренинг кампот во Полска за време на Европското првенство за фудбалери
до 21 година и со приватен авион пристигна во Торино на медицинските прегледи,
кои беа неуспешни.

Како причина за
негативниот исход од медицинските прегледи во Торино беше утврдената срцева мада. Врз него беше извршен и втор преглед, кој повторно не донесе
позитивни резултати.

Инаку Јувентус е
на подготовки во Соединетите Американски Држави, каде е предвидено да одигра
неколку средби во Интернационалниот Куп на Шампиони,
првиот „тест“ го загуби, и тоа од Барселона со резултат 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани