Koментар за навивачот кој чека една победа за шишање даде и Керик!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед по подолго време во викендот кој следи може да влезе во серија од пет победи во низа, а тоа ќе значи и дека сега веќе добро познатиот фан на Јунајтед ќе ја скрати косата.

Популарниот Франк Илет се најде во центарот на вниманието кога го даде своето ветување и стана вистинска сензација, а првпат од тој момент Јунајтед е на само една победа од завршување на неговиот предизвик.

За оваа ситуација прашање доби и Мајкл Керик кој призна дека знае за кого станува збор, но додаде дека тоа нема да влијае.

„Ми кажаа моите деца за тоа. Знам што се зборува и навистина е смешно, но тоа нема да биде тема на разговор во соблекувалната. Не мислам дека на крајот ќе влијае на било што“, изјави Керик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×