Фудбалерите на Истра направија голем чекор кон европските позиции, откако на домашен терен славеа против директниот конкурент Вараждин со 2-1, во меч кој ќе се памети по еден навистина необичен погодок.
Гостите од Вараждин долго време имаа предност од 1-0 и делуваа сигурно на теренот, контролирајќи го текот на играта. Сепак, во самиот финиш следуваше шок, Истра за само неколку минути целосно го сврте резултатот во своја корист.
Прво Хајстер во 78. минута донесе израмнување, а веќе во 80. минута се случи вистинска реткост на фудбалските терени. По еден наизглед безопасен удар на Радошевиќ, топката одеше директно кон голманот, но неочекувано ја смени насоката поради нерамнината пред голот и заврши во мрежата, оставајќи го чуварот на мрежата немоќен.
This goal was scored in the Croatian League 🇭🇷
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) March 21, 2026
You’d be absolutely fuming wouldn’t you 😭😭😭pic.twitter.com/ZX11InXxaj