143
Во Македонија во претходните денови тема беше лошиот терен поради кој беа и одложени неколку дуели од Втората лига, меѓутоа прволигашката средба помеѓу Силекс и Арсими која се одигра најмногу се коментираше поради теренот во Кратово.
Сепак, со слични проблеми се соочува и регионот, а од Црна Гора сега ни пристигнува еден комичен голмански кикс за кој виновник беше токму лошиот терен.
Голманот на гостите Петар Радуловиќ по едно враќање од неговиот дефанзивец ја промаши топката која потоа во мрежата ја смести Балша Тошковиќ и тоа беше погодок во 85. минутаа за победа над Сутјетска против Долна Горица од 3-2 во рамките од 17. коло во Првата лига.