Коман пред заминување, Баерн може да заработи 30 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Саудискиот фудбалски гигант Ал-Наср продолжува да се засилува за новата сезона во која ќе се обиде да дојде до титулата во првенството.

По договорот со искусниот дефанзивец Иниго Мартинез од Барселона, клубот од Ријад веќе го насочил своето внимание и кон ново име.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ал-Наср е во напредна фаза од преговорите со Баерн Минхен за ангажман на францускиот репрезентативец Кингсли Коман. Саудискиот клуб е оптимист дека трансферот наскоро ќе биде реализиран и дека брзоногиот офанзивец ќе се пресели на Блискиот Исток.

Коман има важечки договор со баварскиот гигант до 2027 година, но Германците според информациите се подготвени да ја прифатат понудата во висина од 30 милиони евра.

Фото: FC Bayern

Можно е и ова да ти се допаѓа

×