116
Минхенски Баерн ја потврди својата класа на гостувањето
кај Шалке 04 во рамките на четвртото коло од германската Бундеслига, каде
синоќа славеше со убедливи 0-3.
Покрај многуте фантастични потези на гостинската екипа, од кои веќе го издвоивме оној на Хамес Родригез, вреди да се издвои и овој на
Коман, по кој „настрада“ Керер.
Французинот со една фантастична реакција го „испружи“ на
теренот противничкиот фудбалер кој немаше можност да реагира во една ваква
ситуација.