Коман е стрелец на првиот гол во историјата на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Во вториот натпревар на Светското клупско првенство постигна е првиот гол во историјата на ова, ново натпреварување, а стрелец е Кингсли Коман од Баерн Минхен.

Вчерашниот меч меѓу Ал Ахли и Интер Мајами заврши без голови, па денеска го видовме првиот гол на натпреварување.

Него го постигна Кингсли Коман со глава кој погоди за водство на Баерн против Оукленд Сити од 1-0.

Името на Коман ќе биде запишано како прв стрелец во историјата на Светско клупско првенство од овој формат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×