Колумбиски стопер потпиша во Ѓорче Петров

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонија Ѓорче Петров продолжува со засилувањата за новата сезона, денеска клубот се пофали со ново име во дефанзивната линија Хозе Кабаркас.

Станува збор за 25-годишен стопер од Колумбија, кој последен пат настапуваше за Депортиво Кали, но претходната полусезона беше без клуб. Кабаркас првпат ќе игра надвор од својата татковина, откако досега беше дел и од редовите на Квиндио.

Во Ѓорче Петров се подготвуваат за камбекот во Првата лига, а Кабаркас е седмото ново име ова лето, по Јовановиќ, Рамиќ, Јанков, Глишиќ, Талаков и Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×