Колумбискиот фудбалер Едвин Кардона, кој за репрезентацијата на Колумбија забележал дури 45 настапи се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради бизарна семејна приказна која се прошири во јавноста.
Кардона во овој момент настапува за најголемиот колумбиски клуб Атлетико Национал, каде ја започна и својата кариера. Подоцна играше за големи јужноамерикански клубови, меѓу кои и Бока Јуниорс, а во 2024 година се врати во својот матичен клуб.
Сепак, најконтроверзната приказна се однесува на неговото семејство. Едвин Кардона е само 12 години постар од својата ќерка. Откако неговата најстара ќерка Ана наполни 21 година, приказните станаа вирални на социјалните мрежи.
Фудбалерот има три деца. Ана е родена кога Кардона имал само 11 години, а неговата тогашна девојка, Каролина Кастано, имала 14 години. Парот, сепак, од младост заедно продолжи и на крајот стапи во брак.
Во Колумбија, законската возраст за брак беше подигната од 14 на 18 години дури во 2024 година. Покрај Ана, Кардона и Каролина имаат уште две деца, Марија Ангел Кардона Кастано (14) и најмладиот син Емилијано (11).
🚨 𝗗𝗜𝗗 𝗬𝗢𝗨 𝗞𝗡𝗢𝗪: Ana Cardona, the oldest daughter of Colombian footballer Edwin Cardona, has turned 21, while her father is only 32.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) January 21, 2026
Edwin Cardona was 11 years old when his girlfriend became pregnant at the age of 14. pic.twitter.com/rFNzKN5Y8L