Колумбијците кои не погодија од белата точка добија смртни закани

by
2 минути читање

Колумбијците се
бореа, но, на крајот среќата ги послужи Англичаните кои благодарение на Пикфорд
прогресираа во четвртфиналето од Светското првенство во Русија.

Кејн погоди за
водство на Англија, а Мина во финишот од средбата се погрижи за израмнување,
мечот имаше две продолженија, а откако работите останаа исти, се премина во
изведување од белата точка.

Матеус Урибе и
Карлос Бака се фудбалерите на Колумбија кои не погодија во пенал рулетот, а тие
се соочуваат со смртни закани кон себе во својата земја.

Урибе ја погоди
конструкцијата од голот, а Бака му овозможи на Пикфорд да се прослави со
одбрана по која следеше гол на Даер за четвртфинале за Гордиот Албион.

Сосема е нормално
полицијата во Колумбија да има сериозен пристап во овие закани, а причината е
тоа што му се случи на Андрес Ескобар, тој беше убиен откако на Светското
првенство во САД во 1994. година си постигна автогол на турнирот каде Колумбија
имаше големи амбиции.

Тогаш Колумбија
беше во група заедно со Романија, САД и Швајцарија, истата се сметаше дека
лесно ќе ја минат, но доживеаа фијаско на крајот, изгубија од Романија, а потоа
и од САД благодарение на тој автогол, по што беа елиминирани.

Иако доби закани
по својот живот, Ескобар не се криеше од јавноста, па беше убиен во Меделин откако излезе на забава во ноќта, а
во него беше пукано со шест истрели, неговата девојка ја чула пораката која
убиецот ја кажал на глас и истата гласела „Гооол“, во стилот на колумбиските спортски
коментатори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани