Колумбија ја победи Аргентина за прв пат по 12 години, нова агонија за Меси на стартот на Копа Америка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нова агонија за
Лео Меси и Аргентина на стартот на Копа Америка. Во првиот натпревар од групата
Б, Колумбија триумфираше над „гаучосите“ во Салвадор со 2-0.

„Триколорите“ беа
подобар противник во првиот дел, но Аргентина во второто полувреме почна да
притиска откако Родриго де Паул го замени Анхел ди Марија.

Избраниците на
Скалони креираа неколку прилики, најдобрата ја имаше Лео Меси кој од пет
метри го промаши целиот гол кога прв сигна до една одбиена топка и биеше со
глава.

И кога притисокот
на Аргентина стануваше се поголем, Хамес Родригез ипрати една одлична долга
топка, а Роџер Мартинез се ослободи од својот чувар и од врвот на шеснаесетникот
биеше силно и прецизно на подалечната статива за 1-0 во 71. минута.

До финишот на
мечот, Запата искористи една лоша поставеност на одбраната на Аргентина и ја
осигура победата на Колумбија над Аргентина, прва во последните 12 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани