Колумбија е во осминафинале, таму е и Јапонија поради помалку жолти картони од Сенегал! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Колумбија е во осминафиналето, Сенегал не разочара, но доживеа елиминација и тоа само поради полоша статистика во жолти картони од Јапонија.

Дуелот меѓу Колумбија и Сенегал не беше многу интересен, не беа создадени многу шанси за гол. Клучна беше 74. минута во која Јари Мина постигна гол со глава за водство и победа на Колумбијците од 1-0.

Слично беше и на дуелот меѓу Јапонија и Полска, таму Полјаците со погодок на Беднарек победија со 1-0, но во тој дуел поразениот се радуваше.

Прва е Колумбија со шест бодови, следуваат Јапонија и Сенегал со по 4 бода и иста гол разлика, но Сенегалците имаат шест жолти картони, а Јапонците четири и затоа тие одат понатаму. Последна е Полска со три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани