154
На колумбиските фудбалери јасно им беше од каде доаѓа најголемата опасност. Целта беше да се запре Меси.
За тоа не се бираа средства, се играше грубо врз аргентинскиот фудбалски ас, а статистиката е неверојатна.
Колумбија доби шест жолти картони, сите шест беа покажани по фаули врз Лео Меси.
На крајот мечот го доби Аргентина на пенали и се пласираше во финалето каде ќе игра со Бразил.