Колумбиец се посрамоти против Хрватска, го промаши невозможното! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалерите на Хрватска славеа со 1-2 на пријателскиот натпревар против Колумбија одигран во Орландо.

Јужноамериканците поведоа со голот на Џонатан Ариас, додека израмнување за европската селекција донесе Лука Вушковиќ. Тогаш, при резултат 1-1 се случи неверојатно промашување. Иако Луис Диаз му креира чист гол, Луис Суарез го промаши невозможното. Тој не ја погоди топката и не реализира пред празна мрежа од пет метри.

На крајот казната стигна преку Игор Матановиќ кој ја донесе победата за Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×