Коло на изненадувања во Бундеслигата: Порази на Леверкузен, Баерн и Борусија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Денешните натпревари во Бундеслигата поминаа во знакот на изненадувањата и порази претрпеа екипите на Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Лидерот Баерн Минхен беше поразен од Бохум во ефикасен натпревар со 2-3. Гереро го доведе Баерн во водство, а домаќините стигнаа и до водство од 2-0 со вториот гол на истиот фудбалер во 28. минута. Шест минути претходно Гнабри не реализираше пенал.

Бохум намали преку Мадиќ во 31. минута, а моментот кој беше клучен за пресвртот се случи во 43. минута. Директен црвен картон зарабти Палиња.

Во вториот дел Бохум ја искористи предноста од играч повеќе и со головите на Сисоко и Беро дојде до три бода.

Леверкузен исто така претрпе пораз на свој терен од Вердер со 0-2, додека Борусија беше пораена од Аугусбург со 0-1.

Преостанатите две средби завршија без победник Кил – Штутгарт (2-2) и Волфсбург – Сент Паули (1-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани