Колина за првпат призна: Ги прекршил правилата во финалето на Мундијалот во 2002 година

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот судија и денес шеф на судиите во ФИФА, Пјерлуџи Колина за првпат призна дека намерно ги прекршил правилата во финалето на Светското првенство во 2002 година.

Колина ја делеше правдата во финалето на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија каде што во финалето се сретнаа Бразил и Германија.

Голема желба на Колина била топката од тоа финале да ја однесе дома како спомен, па поради тоа дури и го продолжил натпреварот.

„Досудив крај 13 или 14 скунди подоцна, без оглед на резултатот. Сакав да бидам сигурен дека ќе можам да ја земам топката за да ја однесам дома“, призна Италијанецот во разговорот за „Република“.

По оваа изјава на Колина медиумите потсетија и дека Колина на сите фотографии на церемонијата по одигрувањето на финалето е со топката во раце и буквално во ниту еден момент не дозволуваше да му биде одземена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×