Колина: На СП асистентите нема да го креваат знамето за тесен офсајд!

by
1 минути читање

Линиските судии нема да го креваат знаменцето ако сметаат дека е офсајд а тој е само неколку сантиметри со цел видео технологијата да може да ја донесе вистинската одлука.

ВАР за прв пат ќе биде користен на едно Светско првенство, па судиите имаат посебни инструкции кои ги објаснува Колина.

„Доколку видите како некои асистент судија не го крева знамето, тоа не е бидејќи прави грешки, туку дека ги почитува инструкциите да го остави знамето долу“, вели Колина и објаснува:

„Кажано им е да не го креваат знамето кога има тесен офсајд и може да има ветувачки напад или шанса за гол бидејќи доколку асистентот го крене знамето се ќе заврши тука. А доколку асистентот не го крене знамето и играта продолжи може да биде постигнат гол, а видео технологијата ќе пресуди дали тој гол бил регуларен или не“.

Колина исто така потврди дека судиите задолжени за видео технологијата ќе бидат облечени исто како и судиите на теренот за време на Светското првенство.

„Тоа е така бидејќи се потат како да се и они на теренот. Не е исто како да гледате натпревар на креветот и пиете кафе. Многу е стресно па не можат да бидат облечени како обични службеници“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани