Вечерва со
почеток од 20 часот се играат две финални средби од групата „Е“ каде сите опции
за три селекции се отворени, Бразил, Швајцарија и Србија имаат шанси за прогрес
во осминафиналето, а Костарика е веќе елиминирана откако по два меча е без
бодови.
Бразил – Србија и
Швајцарија – Костарика, тоа се двете пресметки по кои сите работи во оваа
конкуренција ќе бидат познати, а Александар Коларов, кој беше стрелец на еден
од најубавите погодоци досега на турнирот, од слободен удар за победа против
Костарика од 1-0 за Србија, има една посебна желба за дуелот против Алисон за
кого истакна дека е еден од најдобрите голмани во светот, да добие слободен
удар.
„Треба да играме
тимски, дај боже да има некој слободен удар од дистанца. Алисон е еден од
најдобрите голмани, но имам голема самодоверба. Знам дека натпреварот е да се
биде или не, мораме со игра да ја понесеме публиката. Се надевам на добар резултат, ако влеземе во
мечот со верување во самите нас дека можеме да победиме, тогаш ќе победиме“
рече Коларов.
Ваква е
ситуацијата во конкуренцијата „Д“: Бразил 4, Швајцарија 4, Србија 3 и Костарика 0.