Коларов го прокоментира трансферот во Рома, навивачите на Лацио му најдоа нов прекар (ФОТО)

by
1 минути читање

Српскиот бек три
години го носеше дресот на Лацио, пред да замине во Манчестер Сити во 2010. година,
ова лето се врати во Рим, но овој пат во тимот на Рома.

Не можам да го
избришам минатото, сега сум во Рома и сакам да го дадам максимумот од себе,
исто како што настапував во дресот на Лацио, дури и повеќе од тоа. Настапите во
Лацио беа добро искуство, но сега сме ривали на теренот
“ изјави
31 годишниот Коларов кој потпиша
тригодишен договор со „Римската Волчица“.

Коларов освои две
шампионски титули со Манчестер Сити во Англија, во Рома пристигна по трансферот
вреден пет милиони евра.

Сепак, навивачите
на Лацио не се штедеа во навредите кон својот поранешен фудбалер за неговиот „предавнички“ потег, па на
пријателскиот меч против Спал, каде нивниот омилен тим славеше со 2-0,
истакнаа транспарент на кого Коларов го нарекоа „црв“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани