Кол Палмер доби нов договор од Челси, уште подолг и од првиот!

by bojan
1 минути читање
Палмер

Челси реши да го награди Кол Палмер со нов побогат договор по одличната прва сезона, Англичанецот сега ќе биде обврзан кон „сините“ дури до 2033 година.

Кол Палмер е едно од ретките засилувања на Челси коe минатата сезона ја одигра на врвно ниво, постигна 25 погодоци и подели 15 асистенции на 45 натпревари.

Па сосема очекувано, „сините“ решија да го наградат и да му ја зголемат платата.

Во целата ситуација само чудна е должината на новиот договор, Кол Палмер сега ќе се обврзе кон Челси дури до 2033 година.

Овој договор е подолг дури и од првиот, кој беше на дури осум години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани