Кол Палмер би можел да го напушти Челси и да се пресели во ривал од Премиер лигата!

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Челси, Кол Палмер не е среќен на Стемфорд Бриџ и би можел да направи трансфер по крајот на сезоната.

Според „Сан“ сака да се врати во својот роден град, Манчестер и е отворен за трансфер во Јунајтед за кој навива од детството и покрај тоа што бил член на Манчестер Сити.

Наводно Палмер треба да биде замена за Бруно Фернандеш кој би заминал во летниот преоден рок. Но постои опција и да дојде во случај капитенот на Манчестер Јунајтед да остане на Олд Трафорд.

Палмер не сака да се врати во Сити додека таму е Пеп Гвардиола, а сака да се врати во градот Манчестер, па токму затоа Јунајтед е прва опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×