Шампионот на
Македонија вчера го имаше своето деби во групната фаза од Лига Европа, и откако
претходно на домашен терен ги доби
Малме, Копенхаген и Фенербахче, веруваше во ново изненадување.
Но избраниците на
Чеде Јаневски беа само бледа сенка од претходните дуели, а Зенит знаеше
како да го искористи тоа и славеше во Скопје со убедливи 0-5.
Александр Кокорин
беше играч на натпреварот, напаѓачот постигна два гола, а можеше и до хет-трик
но се реши несебично и атрактивно да му асистира на колегата од форот, Артем
Џуба.
Репрезентативецот
на Русија по крајот на натпреварот призна дека очекувал многу повеќе од Вардар
и е зачуден од слабото издание на „Црвено-црните“.
„Не знам зошто
противникот одигра вака” – вели Кокорин. „Кога ги анализиравме неговите дуели против Фенербахче,
тие изгледаа сериозно”.
„Вардар изгледаше
како многу силен тим, па тешко ми е да објаснам што се случи денес”.
„Задоволни сме
што победивме и постигнавме пет гола. Сите среќни се враќаме дома”,