Кокорин можеше до хет-трик против Вардар, но се реши за асистенција „боли глава“… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вардар немоќен
против руски Зенит, гостинската екипа од три ситуации погоди за водство од 0-3
на полувремето на мечот во Скопје во рамките на Лига Европа, а еден гол остави
посебен впечаток кај гостинскиот табор.

Се играше 39. минута
кога Кокорин по грешката на Вардарци изби сам очи во очи со Гачевски, но
наместо да бие за хет-трик тој се реши за мајсторска асистенција до Ѕјуба, кому
воопшто не му беше тешко да погоди за 0-3 во оваа ситуација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани