Вардар по
ждребката во Монако, се најде во групата „Л“ од Лига Европа, во друштво на
Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.
Офанзивецот на
Зенит, кој воедно е прв фаворит во групата, Александр Кокорин во изјава за
тамошните медиуми вели дека ривалите на неговиот тим повеќе или помалку се
познати, со исклучок на Вардар.
„Имаме одлична
група, сите ривали се повеќе или помалку познати, со исклучок на Вардар, немаме
посебно познавање на овој тим“ изјави Кокорин кој додаде дека неговиот тим има
одлична можност да биде на првото место во својата група.
26 годишниот
офанзивец ја носи деветката на својот дрес во тимот од Санкт Петерзбург, каде од
2016. година па наваму во 44 натпревари постигна 13 погодоци.
Како за потсетување, Кокорин беше желба на Арсенал во претходниот преоден трансфер период, поточно во зимскиот.