Коке верува во чудо: Атлетико го има победено Реал со 4-0 на Калдерон, играше и Роналдо!

by
1 минути читање

Со хет-трик на Кристијано Роналдо, Реал Мадрид со 3-0 го победи Атлетико и создаде предност за која е потребно чудо за да се анулира. Но Коке верува дека токму тоа може да се случи.

„Никогаш ништо не се знае во фудбалот“ – вели Коке.

„Со Роналдо во тимот ги имаме победено 4-0 на Висенте Калдерон“.

„Ова е фудбал и се може да се случи, прашајте го ПСЖ“.

„Мора да побараме прошка од фановите и да размислуваме за реваншот. Сакаме да играме во уште едно финале од Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе за да бидеме таму. Нема да се предадеме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани