68
Еден од клучните
играчи на Атлетико Мадрид, 25 годишниот фудбалер од средниот ред, Коке потпиша
нов петгодишен договор со тимот од „Висенте Калдерон“, со кој е обврзан на верност
до 2024. година.
Репрезентативецот
на Шпанија и покрај тоа што имаше уште две години од сегашниот договор, сепак
реши да ја зголеми соработката на уште пет години.
„Атлетико е
клубот на мојот живот, живеам за овој него, чест ми е што ќе бидам дел од
иднината на мојот омилен тим“ изјави Коке.
Речиси целата
негова кариера е врзана за Атлетико Мадрид, на осумгодишна возраст пристигна во
овој тим, ги мина сите младински категории и дебитираше за сениорскиот состав
на 17 годишна возраст.