Фиорентина и Наполи ги поделија бодовите на отварањето на 37. коло во Серија А, Бираги и Кварацхелија постигнаа атрактивни голови од слободен удар.
Фиорентина и Наполи одиграа интересен натпревар на „Артемио Франки“ со четири погодоци и поделба на бодовите.
Гостите поведоа во 8. минута, Рахмани скокна највиско по еден корнер и со глава погоди за 0-1.
„Виолетовите“ изедначија во 40. минута, Бираги постигна „голазо“ од слободен удар, ја префрли топката преку живиот ѕид и со помош на пречката го совлада Мерет за 1-1.
120 секунди подоцна, Нзола искористи една грешка на дефанзивата на Наполи и биеше прецизно по земја за пресврт и 2-1.
Наполи одговори во второто полувреме, Кварацхелија магично погоди од слободен удар, и од преку 25 метри погоди во аголот за 2-2 во 57. минута од мечот.