Кој од кој подобар: Ова се петте најдобри гола на Рома изминатата сезона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Екипата на Рома
заврши на второто место на табелата во италијанската Серија А, со бод предност
во однос на Наполи, односно четири бода заостанување зад лидерот Јувентус кој е
неприкосновен во калчолигата изминатите неколку сезони.

Се чини дека Рома
зацртаните цели ги оствари за изминатата сезона, обезбеди директен пласман во
Лигата на шампионите и прикажа и повеќе од солидни партии.

Тимот од Рим на
својот официјален фан пејџ на „Фејсбук“ ги објави најдобрите пет погодоци во
сите конкуренции од изминатата сезона, во кои Наинголан има два гола во истиот
избор, останатите се на Џеко, Ел Шарави и Передес.

Рома и Наполи
играа супер-офанзивен фудбал, допадлив за око, тимот од Рим постигна 90
погодоци, додека нивниот ривал 94, воопшто не чуди податокот дека Џеко (29) и
Мертенс (28) се на самиот врв на листата на стрелци во Серија А за изминатата
сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани