Вејн Руни
кариерата ја продолжи во САД, и тоа во тимот на ДС Јунајтед во МЛС лигата,
некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, со кого беше соиграч заедно со
Кристиано Роналдо, посакува токму Јувентус, новиот клуб на Португалецот да го
подигне победничкиот пехар од Лигата на шампионите во новата сезона.
„Би сакал
Јувентус да ја освои Лигата на шампионите само поради тоа што Роналдо се
приклучи на тој клуб. Тој е премногу добар човек, фамилијарен, работи напорно и
секогаш со себе го носи и своето семејство, што е убаво да се види сето тоа.
Заслужува поддршка бидејќи вложи голем труд за да биде на врвот“ рече
Англичанецот.
Руни со Роналдо
заедно играше во тимот од Олд Трафорд во периодот од 2004. до 2009. година,
заедно освоија три титули во Премиерлигата, како и една во Лигата на
шампионите, за Португалецот додаде дека во Торино ќе работи на ист начин како и
во претходните десет години, очекува многу голови од него.