153
Ибракадабра им се приклучи на Лео Меси и Кристијано Роналдо во „клубот 500“. Само овие тројца активни фудбалери имаат постигнато 500 или повеќе погодоци настапувајќи за своите клубови и репрезентација.
Швеѓанецот утрово влезе во одбрано друшто и тоа го стори на мајсторски начин. На дуелот со Торонто, Златан ги употреби своите Таеквондо способности, се сврте во воздух и со волеј ја затресе мрежата на домаќините.