Кој ќе дојде во Скопје, Манчестер јунајтед или Ајакс?

by
1 минути читање

Поради терористичкиот напад во Манчестер, Мурињо и фудбалерите не можат да влезат со насмевки во финалето, но големата трагедија може да биде дополнителен мотив за нив во битката за трофејот против Ајакс.

За Мурињо и Манчестер јунајтед ова клучниот натпревар, по него ќе се знае дали успешно ќе заврши сезоната со два освоени трофеи и пласман во Лигата на шампионите или англискиот гигант повторно ќе остане без елитното натпреварување.

Товарот е голем, притисокот огромен, но Манчестер јунајтед е фаворит, има подобар тим и покрај сите повреди и тоа треба да го покаже на теренот во Стокхолм.

Но, Ајакс не е наивен, тоа е најмладиот тим кој играше оваа сезона во Лига Европа со просечна возраст од 22 години. Преферира офанзивна и симпатична игра која ги освојуваше гледачите како одминуваше сезоната.

Со самиот пласман во финалето Ајакс е победник, холандскиот клуб ги надмина сите очекувања, па храбрите момци без никаков притисок, но со огромна желба за победа ќе тргнат од стартот на натпреварот.

Ајакс нема проблеми со повреди, но поради суспензија ќе го немаат Виргевер, кај Јунајтед листата е многу поголема. Поради глупав црвен картон Баи нема да биде во комбинација, а на листата на повредени се Ибрахимовиќ, Фелаини, Рохо, Шо, Смолинг и Ешли Јанг иако не се исклучува можноста некој од нив да биде подготвен за мечот.

Ова финале е посебно интересно за македонската публика бидејќи победникот од овој меч во август ќе дојде во Скопје на дуел од европскиот Супер куп и ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус кои на 3. јуни го играат финалето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани