Кој ќе биде следниот клуб на Кутињо? ПСЖ, Ливерпул или некој друг гигант од Премиерлигата?

by
1 минути читање

Во јануари 2018,
Филипе Кутињо направи богат трансфер на Камп Ноу вреден 120 милиони евра плус
додатни 40 милиони евра во бонуси. Сепак, Бразилецот не се снајде во Барселона,
па минатото лето по многу шпекулации за преселба во ПСЖ како дел од трансферот
на Нејмар, плејмејкерот заврши на позајмица во Баерн Минхен.

„Баварците“ имаат
опција во целост да го купат играчот за 120 милиони евра, но шампионот на
Германија нема да ја активира клаузулата. Се говори дека „каталонците“ се помириле
дека никој нема да ја плати оваа сума, па се подготвени да се разделат со
Филипе Кутињо за 80-90 милиони евра.

Со Баерн Минхен надвор
од конкуренција, медиумите шпекулираат дека главни фаворити се ПСЖ и Ливерпул. Иднината на Нејмар останува знак прашалник, „светците“ би можеле да останат без напаѓачот, па Кутињо се споменува како замена
за својот сонародник во Париз. Што се однесува до „црвените“, Јирген Клоп го
сака Каи Хаверц од Баер Леверкузен, а доколку не успее во намерата, Бразилецот
е планот Б на Германецот.

Филипе Кутињо исто така има уште неколку
опции во Премиерлигата, неговата ситуација внимателно ја следат и Манчестер Сити, Манчестер
јунајтед
, Челси и Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×