Кој фудбалер чини најмногу по минута во Премиерлигата според платеното обесштетување минатото лето?

by
1 минути читање

На врвот на листата се наоѓа крилниот играч на Тотенхем, Георгес – Кевин Нкоду за кој англискиот тим плати 9 милиони фунти во август за да го донесе од Марсеј. Овој фудбалер има одиграно вкупно 49 минути во изминатата сезона, влегол осум пати во игра како замена во самиот финиш од натпреварите. Пресметката вели дека Нкоду чини 183,673 фунти по минута.

Втор на листата е напаѓачот на Челси, Мичу Батшуаи кој исто така во Премиерлигата дојде од Марсеј. Новиот шампион за него плати 33 милиони фунти, а тој одигра само 239 минути. 19 пати влезе како замена и имаше само еден старт. Неговата вредност по минута изнесува 138,912 фунти.

На третото место е Луказ Перез од Арсенал. Венгер на Депортиво му плати 17,1 милион фунти за овој играч кој не се снајде на Емирати. Одигра само 265 минути, неговата вредност по минута изнесува 64,528 фунти.

Лестер го има четвртиот најскап играч, Нампалис Менди за кој платија 13 милиони фунти, а одигра само 271 минута. По минута тој чини 47,970 фунти.

Пол Погба е на петтата позиција. Тој има огромна минутажа споредено со претходните четворица, вкупно 2608 минути, но Манчестер јунајтед за него плати рекордни 93,25 милиони фунти. Па Погба по минута чини 35,755 фунти.

Во продолжение табела на најскапите десет фудбалери во Премиерлигата по минута кои беа купени во претходниот летен преоден рок:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани