Кој е селектор? Сампаоли го прашува Меси дали може да влезе Агуеро! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Аргентина славеше
победа од 2-1 против Нигерија во последното коло од групата „Д“ на Светското
првенство, но, истовремено се радуваше и на победата од 2-1 на Хрватска против
Исланд, со што закажа прескетка со Франција во осминафиналето од турнирот.

Познато е колкаво
влијание во тимот на Гаучосите има првата ѕвезда на тимот Лионел Меси, тоа е од
поодамна познато, но постоеа и шпекулации дека влијае во одлуките на
селекторите во склопувањето на составите, колку е тоа точно останува непознато,
но, една ситуација која ја уловија камерите од вчерашниот меч во прашање го
доведе кредибилитетот на селекторот на Аргентина.

Дали да го
ставам Кун?
“ гласеше прашањето кое Сампаоли му го постави на Меси во текот на
натпреварот, па Агуеро влезе во игра во 80. минута на местото на Таљафико, а
веќе шест минути подоцна Рохо со својот гол во завршницата донесе победа за
Гаучосите.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

"Lo pongo al
kun?"
Como es que se llega a que jugadores, independiente de
quién  sea, este por sobre un DT #Messi
#Sampaoli
@afa
@Mega
@TVN
@Deportes13DLV
pic.twitter.com/UyJwkOnyUt


Andres Ignacio (@AndresRiveraEsp) June
27, 2018

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани