Кој да ја добие титулата во Премиерлигата? Разумното решение за кое амин даде првиот човек на Палас (ФОТО)

by
1 минути читање

Клубовите од
Премиерлигата во четврток ќе одржат состанок на кој ќе се договори иднината на
сезоната, дали првенството ќе продолжи во следните месеци или нема, и што ќе се
прави во случај да мора да се прекине, односно дали ќе важи актуелната табела,
или пак сезоната ќе биде поништена.

Вест Хем е првиот
и засега единствениот клуб кој јавно побараа сезоната да се поништи (се шпекулира
дека и Тотнем е за вакво сценарио).

Првиот човек на
Кристал Палас пак даде амин за едно друго решение, до душа повеќе е шега
отколку реален предлог.

Новинарот Метју Стангер
предложи за конечниот исход на табелата да се земат во предвид резултатите од последните
три кола, при ваква табела, прв е Кристал Палас со 9 бода. Па претседателот на
„орлите“, Стив Периш веднаш се надоврза и порача „Конечно разумно решение“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×