Кој чека ќе дочека, Габигол му донесе три бода на Интер кај Болоња (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Популарниот
„Габигол“ на Џузепе Меаца пристигна во последниот ден од летниот преоден рок
како големо засилување за кого Интер прати скоро 30 милиони евра.

Но Бразилецот не
добиваше шанса ниту кај Франк Де Бур, ниту пак кај Стефано Пиоли.

Тој во Серија А
има одиграно едвај еден час и често се говореше за негово заминување од Милано.

Сепак, Габриел
Барбоса трпеливо ја чекаше својата шанса и денеска против Болоња на Интер му
донесе три бода.

Тој одново влезе
од клупата за резерви, и на додавање на Д’Амброзио во 81. минута рутински ја смести
топката во празната мрежа за 0-1 и три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани