Кој беше Васил Рингов? Една од најголемите легенди на Македонија и Вардар остави голема трага!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот фудбал денеска остана без една од своите најголеми легенди. На 70 годишна возраст по кратко боледување во Скопје почина незаборавниот вардаров ас Васил Рингов.

Рингов е едно од најпрепознатливите имиња на шампионската генерација на Вардар од поранешна Југославија и фудбалер кој остави длабока трага во македонскиот спорт. Роден во Струмица во 1955 година, фудбалската кариера ја започна во Беласица, по што настапуваше за Партизан и Тетекс, каде се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Втората лига.

Во 1977 година пристигна во Вардар и стана еден од клучните играчи во периодот кога клубот се врати и се етаблира во Првата југословенска лига. Во дресот на црвено црните одигра повеќе од 200 првенствени натпревари и постигна 93 голови, оставајќи неизбришлива трага во клупската историја.

Во својата кариера имаше и кратки епизоди во Динамо Загреб и Ајнтрахт Брауншвајг, а круна беше титулата со Вардар во сезоната 1986/87. Забележа и еден настап за репрезентацијата на поранешна Југославија.

Македонскиот фудбал се простува од голем играч и уште поголема легенда. Васил Рингов ќе остане засекогаш запаметен како симбол на едно златно време на Вардар и македонскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×