Иако не може да се мери сегашното со времето пред неколку години, „Трансфермаркт“ креира список на десет тренери кои потрошиле најмногу пари во својата кариера.
На листата најголеми потрошувачи лидерот има преку 2,5 милијарди евра, додека десеттопласираниот има потрошено 1,22 милијарди, но и бројот на купени играчи е речиси преполовен.
На врвот на листата е Пеп Гвардиола, кој за 96 фудбалери во својата кариера е единствен кој потрошил над две милијарди евра. Шпанецот е водечки на листата со 2,5 милијарди евра. Второпласиран е Жозе Мурињо со 1,99 милијарди, а следува Карло Анчелоти со 1,84.
Во топ десет се наоѓаат уште Алегри (1,6), Симеоне (1,55), Конте (1,38), Пелегрини (1,32), Емери (1,3), Тухел (1,22) и Енрике (1,22).