603
Судијата Виљануева и неговиот помошник Рамос Фереиро останаа неми во 29. минута од средбата на Местаља кога топката по шутото на Лео Меси заврши зад гол линијата.
Фудбалерите на Барселона жестоко протестираа но тоа не ја промени одлуката на арбитрите.
Камерите на Мувистар уловија дел од разговорот на теренот, и забележаа како Луис Суарез дели сочни навреди.
„Ти си кукавица, пос*ано џуџе“ – довикуваше Уругваецот.
Од кадарот не се забележува за кого беа наменети овие зборови, но се претпоставува дека се за главниот судија или неговиот помошник.
Luis Suárez al asistente: “¡Eres un cagón! ¡Enano de mierda!” #ElDíaDespués pic.twitter.com/aAK3ebN2Vs
— La Casa del Fútbol en Movistar+ (@casadelfutbol) November 27, 2017