162
Либерија
организираше пријателски меч со Нигерија за да го повлече дресот со број 14 кој
го носеше легендарниот Жорж Веа. Но на големо изненадување, токму поранешниот
напаѓач на ПСЖ и Милан вчера ја предводеше својата репрезентација и истрча на
теренот со 51 година.
Жорж Веа, кој на
моменти прикажа дел од својот талент и класа кои во 1995 му ја донесоа
„Златната топка“ како и наградата од ФИФА за фудбалер на годината, одигра 79
минути и доби оваци и громогласен аплауз кога беше заменет.
Популарноста која
му ја донесе фудбалот му помогна на Жорж Веа да ги добие изборите во Либерија и
од почетокот на годината тој ја извршува функцијата претседател на оваа земја
од Африка.