„Колчонероси“
имаат забрана ова лето да регистрираат нови играчи, но и покрај тоа, Атлетико
Мадрид забрзано работи на засилување на тимот.
Две големи желби
се Витоло од Севиља и Диего Коста од Челси.
Диего Симеоне и
лидерите на клубот се особено иновативни кога е во прашање капитенот на Севиља и
скроија неверојатен план како да ги изиграат правилата на ФИФА.
Витоло има
откупна клаузула од 40 милиони евра, Атлетико не може да ја актирива, но затоа
пак ќе му позајми 40 милиони евра на Витоло, тој сам ќе си го откупи
договорот и ќе стане слободен играч.
Шпанецот потоа
како слободен играч ќе потпише до јануари со Лас Палмас, клубот од кој потекнува
и каде ги помина сите младински школи и стигна до првиот тим.
Во зимскиот
преоден рок, кога Атлетико ќе може да регистрира нови играчи, Витоло одново
како слободен играч ќе ги засили „Колчонероси“.
На овој начин,
Атлетико нема да ја прекрши забраната за трансфери на ФИФА, но што е уште
поважно Витоло во јануари ќе може да биде пријавен во Лигата на шампионите.
Исто така, Витоло во Лас Палмас ќе ја добие потребната минутажа за да остане во
комбинација на селекторот Лупетеги за Светското првенство кое следната година
се игра во Русија.
Дека целиот
неверојатен план не е само обична измислица на медиумите потврди спортскиот
директор на Лас Палмас.
„Претседателот
постигна договор, Витоло ќе игра кај нас до јануари ако си подаде рака со
Атлетико” – рече попладнево
Тони Круз.
Лас Палмас покрај
тоа што за без пари ќе добие играч на шест месеци, ќе инкасира и 5 милиони евра
поради клаузулата која ја вметнале при продажбата на Витоло на Севиља.