Екипата на Реал Мадрид славеше победа во натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта со 3:2, а предводници на „кралевите“ во овој дуел беа: Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
Шпанските медиуми забележаа и една интересна ситуација при постигнувањето на третиот гол за Реал Мадрид кога во листата на стрелци се запиша англискиот репрезентативец.
Имено, Белингем само 30 секунди пред да го постигне голот побара од Винисиус да му испраќа долги топки зад одбраната на Аталанта и при првата таква веднаш реализираше.
Сезонава Белингем има учинок од шест голови и шест асистенции на 19 натпревари, додека Винисиус на 19 средби запиша девет асистенции и уште 13 погодоци.
Jude Bellingham asked Vinicius Jr for a long pass over the defence.
— TC (@totalcristiano) December 11, 2024
30 seconds later, the pass arrived and he scored.
pic.twitter.com/32bwok1FbU