Кога парите не се проблем: Понудата на Арапите за Дибала преку ноќ порасна за преку 50%!

by bojan
1 минути читање
Дибала

Последните информации од Италија велат дека Саудиска Арабија притиска за ангажман на Пауло Дибала, на маса сега се ставени дури 25 милиони евра по сезона.

Синоќа беше објавено дека Пауло Дибала е пред преселба во Саудиска Арабија, напаѓачот добил богата понуда од Ал Кадсија.

Во прв момент се пишуваше за плата од 15 милиони евра по сезона, но преку ноќ предлогот порасна значително.

Арапите силно притискаат за ангажман на Аргентинецот, па решиле на маса да стават 20 милиони евра, плус бонуси, додека пак одредени извори се колнат дека предлогот е всушност 25 милиони евра плус бонуси.

Рома внимателно ги следи преговорите помеѓу Саудиска Арабија и Пауло Дибала, бидејќи трансферот за нив ќе биде чист ќар, плус се очекува да заштедат околу 30 милиони евра на име на плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани